Македонските јуниори загубија и од БиХ

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години го доживеа вториот пораз на Европското првенство Б дивизија откако загуби и од Босна и Херцеговина со 75-86.

Македонија имаше одлично отворање на мечот, првата четвртина ја добивме со 28-23, а предноста од пет поени ја задржавме и во вториот период, на одморот се замина со водство за нашите кошаркари од 46-41.

Но, работите се променија во вториот дел. Босанците почнаа да ја топат негативата и го свртеа резултатот, на крајот дојдоа до победа од 86-75.

Најефикасен во македонскиот состав беше Григориј Ѓорѓевиќ со 21 поен, четири скокови и четири асистенции, додека Един Прелџиќ постигна 27 поени, 13 скокови и пет асистенции за БиХ.

Македонија следниот натпревар го игра утре од 10.30 часот против Унгарија.