Малдини и Леонардо поднесоа оставки по само шеснаесет дена

Легендарните играчи на Милан, Паоло Малдини и Леонардо не се повеќе дел од Фудбалската федеарација на Италија, откако не успеаја да донесат нов селектор на репрезентацијата на „Аѕурите“. И покрај тоа што најчесто споменувано име беше Андреа Пирло, сепак, легендарниот фудбаелер нема да стане селектор поради поврзаност со руска обложувалница.

Најпрво беа одбиени од Пеп Гвардиола, а потоа се обидоа и со Карло Анчелоти, а кога изборот падна на Пирло, од бизарна причина тој не можеше да биде назначен за селектор.

Малдини после ова најави оставка од функцијата, и ја оствари поради неизедначени ставови со првиот човек на федерацијата, Џовани Малаго.

Следеа преговори и со други кандидати, Леонардо го предложи и Тијаго Мота, но и тој наводно не бил заинтересиран, па двајцата поднесоа оставки.

Сега во комбинција се Стефано Пиоли и Антонио Конте, кои се желба на првиот човек на италијанскиот фудбал Малаго.