Малдини се збогува со Донарума, Милан ќе добие нов голман

Донарума нема да го продолжи договорот со Милан. Долго време се шпекулираше дека Донарума ќе го напушти Милан, а сега тоа го потврди и Паоло Малдини. „Донарума беше еден од нашите најважни играчи оваа сезона, но патиштата ни се разделија. Можеме да му посакеме се најдобро“, изјави Малдини. Од први јули Донарума ќе биде слободен играч што значи дека Мино Раиола сега може слободно да ја избере најдобрата понуда за себе и својот клиент. Во последниот период името на Донарума најмногу се поврзуваше со Јувентус, но се споменува и Барселона.