Маурицио Сари ја продолжува соработката со Лацио

Тренерот на Лацио Маурицио Сари се договори со управата на клубот и ќе продолжи да ја води екипата и во иднина.

Според објавата во италијанските медиуми, искусниот стручњак ќе остане на „Олимпико“ до 2025 година,а неговата плата се очекува да изнесува 3,5 милиони евра по сезона. 

Иако имаше шпекулации дека Сари ќе си замине од Рим поради несогласувања со водечките луѓе од клубот, сепак тој и понатаму ќе го води тимот во Серија А и Лига Европа.