Мајами го претстави Јанис по спектакуларен трејд

Двојниот МВП на НБА лигата Јанис Адетокумбо е нов кошаркар на Мајами Хит, откако клубот од Флорида постигна договор со Милвоки Бакс за спектакуларен трејд.
Според договорот, во Мајами заедно со Адетокумбо пристигнува и Боби Портис, додека во спротивната насока заминуваат Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хајме Хакез Јуниор и Каспарас Јакучионис.
Адетокумбо целата досегашна НБА кариера ја помина во дресот на Милвоки, кој го избра како 15-ти пик на драфтот во 2013 година.
Во текот на 12 сезони се разви во еден од најдобрите играчи во светот, освои две МВП награди и ги предводеше Бакс до титулата на НБА шампиони во 2021 година.