Мајкл Керик ќе го води Манчестер Јунајтед на натпреварот со Арсенал

Од Манчестер Јунајтед пристигна потврда дека Мајкл Карик ќе ја води екипата на средбата против Арсенал која е закажана за во четврток.

Иако во понеделникот за нов привремен тренер на „црвените ѓаволи“беше поставен Ралф Рангник, тој сепак нема да биде во можност веднаш да седне на клупата на тимот од Олд Трафорд поради процедурата за добивање на работна дозвола во Англија.

Германскиот тренер се очекува да ги добие потребните документи пред почетокот на викендот со што конечно ќе може и официјално да ја предводи екипата на Манчестер Јунајтед на дуелот со Кристал Палас во неделa.