Мбапе бара состанок со претседателот на ПСЖ, инсистира на трансфер

Килијан Мбапе побарал состанок со претседателот на Париз Сен Жермен, Насел Ал Келаифи. Истиот би требало да се одржи оваа недела и на него ќе биде донесена одлука за иднината на Мбапе.

Тоа го тврдат шпанските медиуми, а пренесува Марка додавајќи дека францускиот напаѓач нема да ја промени одлуката за напуштање на клубот.

Мбапе веќе неколку пати одби да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од оваа сезона бидејќи инсистира на трансфер. Притоа се споменува дека Реал Мадрид наводно е подготвен да плати 150 милиони евраза истиот. Дека Мбапе целосно се оддалечи од екипата, тврдат многу медиуми, а како најнов доказ се нуди фотографијата од роденденот на Андер Ерера на кој се појавија многу фудбалери, меѓу нив и Лионел Меси и Серхио Рамос, но не и Мбапе.

Тој сам говореше дека би останал во ПСЖ ако се формира екипа за освојување на Лигата на шампионите, но се чини дека, покрај доаѓањето на Меси и останатите ѕвезди, Мбапе и понатаму посакува трансфер.