Меси: Не размислувам за пензија, живеам од ден на ден

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, изјави оти не размислува да се повлече од професионалниот фудбал по Светското првенство 2022 во Катар.

„Искрено, не размислувам за пензија. После тоа што ми се случи живеам од ден за ден, од година за година. Не знам што ќе биде на Светското првенство или по завршувањето на Светското првенство. Не размислувам за тоа. Ќе се случи тоа што треба да се случи во тоа време“, изјави Меси во интервју за шпански „Спорт“

Меси призна дека трансферот од Барселона во ПСЖ во летниот преоден рок било голема промена во неговиот живот, но вети дека еден ден ќе се врати со семејството во каталонската престолнина.