Милан договори целосен откуп на Брахим Диаз

Милан и Реал Мадрид постигнале договор и Брахим Диаз ќе остане на „Сан Сиро“ и следната сезона. Брахим минатото лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Милан. Одигра одлична сезона и покажа дека е еден од најголемите шпански таленти.

Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака да го задржи.

„Росонерите“ веднаш започнаа преговори со Реал Мадрид, а последните информации се дека постигнале договор.

Брахим Диаз ќе остане на „Сан Сиро“ уште една година на позајмица, а следното лето Милан ќе има опција да го откупи за 20 милиони евра плус бонуси.