Млад играч на Ливерпул заработи скршеница, па воодушеви со неговиот потег (фото)

Ливерпул го победи Лидс со 3:0 на гостувањето во четвртото коло од Премиерлигата. За „црвените“ погодуваа Мохамед Салах, Фабињо и Садио Мане.

Во 60. минута од натпреварот беше исклучен дефанзивецот на Лидс, Паскал Струијк, кој заработи црвен картон по бруталниот прекршок над 18-годишниот Харви Елиот.

Струијк со лизгачки старт од зад грб ја скрши левата нога на Елио.

Елиот веднаш беше префрлен во болница, па му следи повеќемесечно опоравување. Во болницата, играчот на Ливерпул беше пречекан од неговото семејство, а тој направи голем гест.

Во собата до него лежеше дете со скршена рака, а Елиот му го подари дресот кој го носеше на натпреварот против Лидс.

Детето беше воодушевено, а фотографијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи.