Мурињо добива засилување од сто милиони: Диоманде на пат за Мадрид

Реал Мадрид е на чекор до реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна договор со Лајпциг за ангажманот на Јан Диоманде.

Официјалната понуда од „кралскиот клуб“ се очекува да изнесува вкупно 120 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, сума што во Лајпциг се подготвени да ја прифатат.

Диоманде ќе стане првото офанзивно засилување на Реал Мадрид ова лето. Претходно, клубот веќе ги доведе Марк Кукуреља од Челси, Дензел Дамфрис од Интер, Ибрахима Конате од Ливерпул и Бернардо Силва од Манчестер Сити.