Нагелсман се повлекува, Германија добива нов селектор

Германската фудбалска репрезентација дефинитивно ќе добие нов предводник на клупата по катастрофалниот настап на Светското првенство и шокантната елиминација во шеснаесетфиналето од селекцијата на Парагвај.

Иако актуелниот договор на Јулијан Нагелсман е со важност до 2028 година, тој предвреме ја завршува својата мисија. Медиумите во Германија едногласно пренесуваат дека раководството веќе ја донело конечната одлука за прекин на соработката.

Влијателниот „Билд“ открива дека двете страни веќе ги договориле условите за разделба и се очекува само официјално соопштение од Германската фудбалска федерација.

Како што стојат работите во моментов, прв избор и најголем фаворит за селекторското столче на „панцерите“ е Јирген Клоп.