Наковски Волеј учесник во БВА купот 2026

Македонскиот одбојкарски вицешампион во женска конкуренција и финалистот во Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Наковски Волеј пријави учество во БВА Балканскиот клупски куп за новата сезона.

По ланското премиерно учество во европскиот Челинџ куп, оваа година еден од најдобрите македонски клубови ќе се натпреварува во балканското друштво, со екипите од регионот. Наковски Волеј покрај апликацијата за учество поднесе и барање за организација на турнир.

БВА купот традиционално се одржува пред почетокот на новата сезона, септември или почетокот на октомври, а победникот од ова натпреварување обезбедува пласман во ЦЕВ Челинџ купот.