Нандо Лорис освои пол-позиција на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, 11-та трка од сезоната во Формула 1. Британецот практично ја презеде најдобрата стартна позиција од својот сонародник Луис Хамилтон, претекнувајќи го во последните моменти од квалификациите на „Хунгароринг“.

Актуелниот шампион во Будимпешта дојде до првата пол-позиција оваа сезона, со предност од 12 илјадити делови од секундата во однос на Хамилтон. Нив ги следеше Шарл Леклер во вториот Ферари.

Водачот во генералниот пласман, Кими Антонели, ќе стартува од четвртото место. Големата награда на Унгарија се вози во недела во 15:00 часот.