Нани: Треба да се восхитувате, а не да го критикувате Роналдо

Поранешниот португалски играч од средниот ред, Нани, проговори за неговиот сонардоник, Кристијано Роналдо, кој е единствениот фудбалер кој постигнал гол на шест Светски првенства.
„Тоа што го прави Кристијано е неверојатно. Не е изненадување за мене. На секој натпревар на кој игра, се случува нешто ново: нов рекорд, нов гол. Тој е победник. Тој е пример за сите што го сакаат фудбалот.
Затоа треба да му честитаме и да продолжиме да ја поддржуваме неговата игра сè додека не одлучи да се пензионира. Тој е еден од најголемите фудбалери во историјата“ – рече Нани.