Наполи со емотивна порака го одбележа роденденот на големиот Марадона

Од Фудбалскиот клуб Наполи не заборавија да го одбележат денот на раѓање на нивниот најдобар играч на сите времиња, Диего Марадона.

Преку објава на социјалните мрежи, од клубот постираја фотографија од Марадона под која стои порака „ На овој ден во 1960 година се роди најголемиот на сите времиња. Среќен роденден Диего!“

Клубот од Неапол потврди дека на 28 ноември ќе носат посебен дрес во знак на одбележување на годишнината од смртта на Марадона.