НБА лигата се враќа на сцена, вечерва стартува новата сезона!

Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, ја отвора сезоната 2026/27 со големи амбиции, нови суперѕвездени комбинации и прашањето дали Њујорк Никс ќе успее да ја одбрани шампионската круна. По освојувањето на титулата минатата сезона, Никс повторно се меѓу главните кандидати, предводени од Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс. Но, конкуренцијата е исклучително силна, а неколку големи трансфери целосно ја променија сликата во лигата.
Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс се издвојуваат меѓу главните фаворити за титулата. Оклахома, предводена од Шеј Гилџес-Александер, ќе се обидат повторно да ја потврдат својата сила, додека Сан Антони Спарс се надеваат дека Виктор Вембањама ќе ги предводи до самиот врв. Францускиот центар продолжува да ја освојува кошаркарската сцена со својата комбинација од висина, техника и одбранбена доминација.
Големата приказна на летото е преселбата на Леброн Џејмс во Филаделфија, каде што ќе игра заедно со Џоел Ембид, Тајрис Макси и Џејлен Браун. Оваа комбинација носи огромен потенцијал, но и предизвик: како четири големи имиња ќе ги усогласат своите улоги и топката ќе ја распределат на теренот? Леброн, кој на 41 година и понатаму е една од најголемите ѕвезди во спортот, ќе има можност да испише ново поглавје во својата легендарна кариера.
Нови предизвици има и за Милвоки, кој остана без Јанис Адетокумбо, откако грчката суперѕвезда се пресели во Мајами. Хит со неговото доаѓање добива играч способен сам да го промени текот на натпреварот, а Источната конференција станува уште понепредвидлива. Во меѓувреме, Кајри Ленард се врати во Торонто, а Џа Морант ќе се обиде да го оживее својот потенцијал во Портланд.