Нејмар ќе паузира шест до осум недели заради повредата во Сент-Етјен

Нејмар ќе паузира меѓу шест и осум недели поради повредата на зглобот што ја заработи на вчерашниот натпревар со Сент Етијен.

Оваа информација беше официјално потврдена од клубот по прегледите на кои денеска беше подложен напаѓачот. Нејмар има истегнување на зглобот, како и оштетување на лигаментите. Од клубот појаснуваат дека по 72 часа фудбалерот повторно ќе биде на преглед.

Нејмар оваа година досега има одиграно натпревари. Сигурно нема да игра повторно до крајот на 2021 година. На Бразилецот му се изврте скочниот зглоб на крајот од мечот откако влезе Макон, по што ѕвездата на ПСЖ беше изваден на носилки со солзи во очите. Добрата вест е што Марко Верати ги обновува тренинзите откако го пропушти натпреварот против Манчестер Сити оваа недела.