Норвежанецот Хауге потпиша за Ајнтрахт

Ајнтрахт Франкфурт официјално го  објави ангажирањето на Јенс Петер Хауге, кој доаѓа од Милан со едногодишна позајмица.

Под одредени услови, тимот од Бундеслигата ќе има обврска да го купи 21-годишното крило на крајот од сезоната за проценетата сума од 12 милиони евра. Милан му се заблагодари на Хауге за неговата професионалност и му посака се најдобро во иднина.

Норвешкиот интернационалец, кој има три натпревари во дресот на Норвешка, помина само една сезона на „Сан Сиро“ по неговиот трансфер од Бодо Глимт вреден 5 милиони евра. Тој постигна 5 гола и 1 асистенција на своите 25 натпревари за „росонерите“, од кои повеќето ги одигра како замена. Младиот играч потпиша со својот нов клуб договор за период од пет години.