Од Париз Сен Жермен ги соопштија условите под кои Почетино можеше да премине во Манчестер Јунајтед

Раководството на Париз Сен Жермен поставило два услови со кои ќе му дозволеа на Почетино да го напушти тренерското место во екипата и да премине во Манчестер Јунајтед пред истекот на неговиот актуелен договор.

Првиот услов на тимот од Париз бил Јунајтед да плати отштета во висина од 15 до 20 милиони евра, а вториот услов се однесувал на добивање повеќе време за клубот да пронајде замена за Аргентинецот. Како негов наследник се споменуваше легендарниот Зинедин Зидан.

По се изгледа дека овие услови не биле прифатливи за тимот од Олд Трафорд, па тие го назначија Германецот Ралф Рангник како привремен тренер до крајот на сезоната. Нивниот обид за ангажирање на Маурицио Почетино ќе продолжи во текот на летото кога се очекува да достават официјална понуда до ПСЖ.