Охрид успешен домаќин на Балканското првенство во триатлон

Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.
Таму се натпреваруваа преку 350 триатлонци од земјите од регионот како и голем број на рекреативци, штафетни тимови и млади натпреварувачи во различни возрасни категории.
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните.