Падна договор: Сасуоло го продаде Локатели на Јувентус

Јувентус и Сасуоло конечно постигнаа договор за трансфер на Мануел Локатели, пренесуваат италијанските медиуми.

Локатели беше примарна трансфер цел на Јувентус и двата клува веќе два месеци водеа преговори, а сега кончено постигнаа договор за трансферот.

„Старата дама“ за италијанскиот репрезентативец ќе плати 35 милиони евра, но сумата ќе ја плаќа во наредните пет години по 7 милиони евра.

Локатели веќе одамна има постигнато договор со „бјанконерите“ и наскоро ќе потпише петгодиешен договор според кој ќе заработува три милиони евра по сезона.