Парадес гo призна поразот: Шпанија беше подобра

Аргентинскиот фудбалер Леандро Парадес категорично ги отфрли сите шпекулации за наводни заговори и контроверзии по финалето на Светското првенство. Тој истакна дека Шпанија била подобар противник и целосно заслужено стигнала до шампионската титула.

„Немаме што да објаснуваме кога станува збор за теориите на заговор. Игравме финале на Светско првенство и ќе го повторам она што го мислам: Шпанија беше подобар тим. Одиграа одличен турнир, заслужија да ја освојат титулата и од срце им честитаме“, изјави Парадес, кој на крајот од финалето се судри со Гави.

Иако страстите се смирија по неколку дена, тоа нема да го амнестира играчот на Бока од казна, бидејќи ФИФА веднаш по натпреварот отвори дисциплинска постапка против него. Изјавата на Паредес доаѓа во момент кога во јавноста и на социјалните мрежи сè уште се водат расправи за финалниот натпревар и говорот на Лионел Меси во соблекувалната.

Играчот од средниот ред на Аргентина нагласи дека не гледа причина за какви било полемики, истакнувајќи дека Шпанците со својот квалитет на теренот го оправдале освојувањето на светската круна.