Пелегрини од Рома е МВП на Конференциската лига

Лоренцо Пелегрини е избран за најдобар играч во Конференциската лига во оваа дебитантска сезона на овој турнир на УЕФА. „Волчицата“ од Рим дојде до првиот трофеј на европските турнири по победата од 1-0 во финалето одиграно во Тирана против Феенорд.

25-годишниот офанзивен играч за врска има постигнато 5 гола во Лигата на конференциите (вклучувајќи ги и квалификациите). Пелегрини се истакна и со 2 асистенции во 12-те натпревари оваа сезона, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Во идеалниот тим на сезоната во Лигата на конференциите се уште тројца играчи на Рома – голманот Руи Патрисио, дефанзивецот Крис Смолинг и напаѓачот Теми Абрахам. Во единаесетмината се и пет играчи на финалистот Феенорд. Станува збор за дефанзивците Геертруида и Маласија, централниот бек Гернот Траунер и напаѓачите Луис Синистера и Сирил Десерс. Идеалниот тим го надополнуваат Димитри Паје од Олимпик Марсеј и Киернон Дјузбери Хал Сити.