Погба останува во Манчестер Јунајтед?

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, му открил на своето семејство дека има намера да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.

 Неговиот актуелен договор истекува на крајот на сезоната, а тимот од  Олд Трафорд веќе му понудил нов договор, според кој Французинот ќе стане еден од најплатените играчи во Премиер лигата, добивајќи 400.000 фунти неделно. 

Пристигнувањата на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо го натераа  Погба да се премисли и да остане во Манчестер, иако за него се заинтересирани ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид, кои не ја кријат желбата да го доведат во своите редови како слободен агент.