Познати учесниците на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Од 20 до 23 август Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалниот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се организира во чест на еден од најдобрите прилепски ракометари.

Покрај домаќинот Прилеп, на овогодинешното издание ќе настапат уште Бутел Скопје, Мулти Есенс Е.Пелистер 2 Тиквеш и Младост 1977 Богданци, што ветува квалитетни натпревари во пресрет на новата сезона.

Организаторите најавија дека во наредниот период ќе бидат објавени групите и комплетниот распоред на натпреварите за турнирот „Миле Нешкоски“.