Проблеми за Лејкерс – останаа без својата голема ѕвезда!

Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат во големи проблеми. Актуелниот шампион ќе мора да го игра наредниот натпревар против Феникс Санс без Ентони Дејвис. Во моментов има 2:2 во серијата и Феникс е домаќин на следниот натпревар. Дејвис се повреди на четвртиот натпревар против Санс, кој на крајот лесно го добија гостите. Крилниот центар пропушти половина од регуларниот дел од сезоната поради повреда, а сега може да ја пропушти целата серија против Феникс, што секако би било голем хендикеп за тимот на Лејкерс. Петтиот натпревар на програмата е ноќта помеѓу вторник и среда со почеток од 04:00 часот.