ПСЖ во проблеми со повредени играчи

Од таборот на францускиот гигант Париз Сент Жермен, стигнуваат вести за голем број на играчи кои ќе недостасуваат во тимот за натпреварите кои следуваат.

Килијан Мбапе со сигурност го пропушта првенствениот натпревар против Лил, поради инфекција на дишните патишта, информираат од клубот. Под знак прашалник е и Лионел Меси кој го пропуштил тренингот со екипата во четвртокот поради болка во мускулот од ногата.

Италијанецот Марко Верати и понатаму се опоравува од повредата на грбот, додека под Ашраф Хакими ќе биде недостапен поради одработување на суспензија поради картони.

Меѓутоа тренерот Покетино изјави дека и покрај евентуалното отсуство на наведените играчи, тој сепак располага со доволен број на поединци кои се спремни и се на располагање за настап во екипата.