Расел стартува од пол-позицијата во Каталонија

Тимот на Мерцедес имаше одлични квалификации за Големата награда на Каталонија, до пол-позиција дојде Џорџ Расел кој имаше најдобро време пред Луис Хамилтон од Ферари.

Расел ќе тргне од првата позиција, а до него ќе стартува Луис Хамилтон. Лидерот во генералниот пласман, Антонели имаше трето најдобро време.

Следуваат Норис, Ферстапен, Хаџар, Пјастри, Лаустон, Хулкемберг и Леклер.

Утрешната трка ќе почне во 15 часот со директен пренос на Арена М2 премиум.