Реал го договори трансферот на Кукуреља

Марк Кукуреља ќе стане нов играч на Реал Мадрид, објавја вечерва неколку релевантни медиуми. Шпанскиот репрезентативец ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Мадрид по завршувањето на Светското првенство. Реал за него чќе плати 55 милиони евра,а доколку ги исполни бонусите, Челзи ќе може да инкасира и дополнителни пет милиони евра.

Договорот е постигнат ненадејно и без најава, бидејќи најблиску до потписот на левиот бек беа Атлетико Мадрид и Барселона. Наводно веќе постои усмен договор меѓу сите вклучени страни.

Според достапните информации, Кукуреља бил експлицитна желба на Мурињо за позицијата лев бек. Доаѓањето на Кукуреља би претставувало значително засилување за Реал Мадрид. Тој е клучен играч и во Челзи и во шпанската репрезентација. Со неговиот ангажман, Реал би добил докажано и квалитетно решение на левата страна од одбраната.

Кукуреља пристигна во Челзи во 2022 година од Брајтон во трансфер вреден 65 милиони евра. Оттогаш, тој има 163 настапи за лондонскиот клуб со девет гола и 13 асистенции.