Реал Мадрид со нова понуда за Погба

Реал Мадрид продолжува со интересот за доведување на  Пол Погба во своите редови. Според објавите во шпанските медиуми, “Кралскиот клуб“ на 28-годишниот Погба му нуди годишна плата од 14 милиони евра. Агентот на Погба ,Мино Рајола за евентуалниот трансфер како бонус ќе добие 30 милиони евра.

Манчестер Јунајтед со цел да го задржи во своите редови,  на Погба му нуди нов 5-годишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона. Сегашниот договор на францускиот фудбалер со “црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2022 година.