Ребров назначен за нов селектор на Украина

Украина денес го назначи Сергеј Ребров за нов селектор на националниот тим и тој ќе ги води Украинците на гостувањето во Скопје.

Се најавуваше дека Ребров ќе го преземе кормилото, меѓутоа до денес немаше официјална промоција бидејќи се чекаше да се среди документацијата со неговиот договор со Ал Аин од Саудиска Арабија.

„Среќен сум што се вратив во Украина и што ќе работам тука, семејството прифати да се вратиме. Морам да се заблагодарам на вооружените сили кои ни овозможуваат нормално да ги извршуваме нашите работи. Разговори за мое враќање имаше од поодамна, но бев под договор и сега се отвори шанса за соработка. Чест и задоволство ми е што ќе работам за мојата татковина“, изјави Ребров.

Украина во Скопје гостува на 16-ти јуни, а четири дена претходно ќе одигра пријателски натпревар против Германија во Бремен. На 19-ти јуни украинците ги чека и вториот натпревар од овој квалификациски циклус против Малта.