Роберт Вилијамс го напушти Портланд и е во потрага по нов клуб

Центарот на Портланд, Роберт Вилијамс, сака да си замине од екипата за да добие договор од најмалку 15 милиони долари, објави Џејсон Квик од „The Athletic“.
Според него, Вилијамс се надева дека ќе заработи многу повеќе од тоа што му е загарантирано.
Кошаркарот во изминатата сезона одигра 59 натпревари, со просек од 6,7 поени, 7 скока и 1,5 блокади.