Розе и „милјардерите“ едвај го чекаат враќањето на Халанд

Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марко Розе, се надева дека главниот голгетер, Ерлинг Халанд, ќе се врати на терените до крајот на годинава.

Норвежанецот кој има 10 натпревари во сите конкуренции и постигнато 13 голови, има потешка повреда на бутот на ногата а неговито татко, неодамна изјави, дека би било вистинско чудо доколку Халанд  заигра пред Божиќ.

„Милионерите“ в сабота ќе го пречекаат Штутгарт во натпревар од 12. коло во Бундеслигата. Тимот од Дортмунд е втор во поредокот во Германија со 4 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен.  Штутгарт ја зазема 15-та позиција.