Рома сака да го доведе Депај од Барселона

Мурињо е силно заинтересиран за наѓачот на Барселона, Мемфис Депај.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. На 19 меча оваа сезона постигна 8 гола и запиша две асистенции. Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.

Наводно Барселона е спремна да прифати понуда од 40 милиони евра, сума која Рома ќе ја понуди следното лето.