Роналдо: Време е повторно да ги засукаме ракавите и да ја завршиме работата

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед ,Кристијано Роналдо, пред продолжението на натпреварите во Премиер лигата по паузата со репрезентацијата, излезе со мотивирачка порака на социјалните мрежи.

„Време е повторно да ги засукаме ракавите и да ја завршиме работата! Да го постигнеме она што го зацртавме за оваа сезона“, напиша Португалецот на својот Твитер профил.

Популарните„црвени ѓаволи“ прво ќе ги одмерат силите со Ватфорд на гостински терен а три дена подоцна им следува битниот меч со Виљареал во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Cristiano/status/1461729514749366281?s=20