Сари го носи Кепа во римски Лацио

Кепа и понатаму е прва опција на Маурицио Сари за засилување на голманската позиција во екипата на Лацио оваа зима. Италијанскиот тренер сака повторно да работи со Баскиецот, но овој пат во Рим. Шпанскиот репрезентативец не навлегува во плановите на Тухел и неговото заминување се чини дека е најдоброто решение за сите страни.

Од Лондон знаат дека тешко ќе ги повратат вложените 80 милиони евра за голманот, па би го испратиле на позајмица во Лацио, но само доколку римјаните ја плаќаат 100% неговата плата.  Тоа сега е главен проблем за Лацио, како и вишокот на играчи на голманските места. Ако Кепа пристигне во Лацио, „орлите“ мора да се ослободат од еден од двајцата голмани (Пепе Реина и Томас Стракоша).

Кепа има плата од седум милиони евра во Челзи, која Лацио во моментов не е подготвен да ја плаќа. Затоа треба да се направат некакви отстапки од страна на лондончани за трансферот да стане реалност уште оваа зима.