Силекс е освојувач на Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс славеа победа со 4:3 по пенали на Академија Пандев и се радуваа на трофејот од Купот на Македонија.
Во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено, без голови. И во продолжението, два пати по 15 минути немаше погодок. Двете екипи одиграа доста тврд натпревар, неефикасен. Во пенал серијата, екипата на Силекс покажа поголема концентрација и решителност и успеа да слави со 4:3.
Кај Академија Пандев во последната серија промаши Велиновски, а Карчевски претходно ги постави конечните 4:3.
По 24 години, екипата предводена од тренерот Горан Симов успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија.