Силекс со шест гола ја наполни мрежата на Башкими

Убедлива победа над Силекс во дуелот со Башкими со 6-0 на стартот од новиот шампионат. Онака како што се очекуваше, со оглед дека кумановскиот тим доцна почна со подготовките, а загуби и голем дел од играчите, кратовската екипа реализираше шест гола, а имаше уште шанси да дојде и до поубедлив триумф.
Серијата на голови ја почна Дарко Илиески, кој по изведен корнер со глава го совлада Алију во третата минута. Не се чекаше многу на вториот гол, само пет минути кога повторно по изведен корнер, автогол си постигна Јамузи.
До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Силекс, во 30. минута Делимеѓац стрелаше после асистенција на Хасукиќ.
На четвртиот гол се чекаше дури до 62. минута, а Шеро една одбиена топка ја смести во голот на Алију. Се играше 74. минута кога по една супер акција Тимовски центрираше со Хасукиќ, кој го постигна петтиот гол за Силекс.
Одлична акција и две минути подоцна, Велиновски го поригра Манојлов кој излезе сам и низ нозете на Алију носи убедливи 6-0 за домашниот тим, што беше и конечен резултат на мечот.