Синер ја залечи повредата, ќе настапи на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија изминативе денови мина лекарски прегледи во болница во Милано. Тоа што е најважно е дека тестовите не се загрижувачки и дека најдобриот светски играч ќе се подготвува за Вимблдон без проблеми.
Тестирањата и при големи оптоварувања биле во границата на нормалата.
Синер за време на Ролан Гарос покажуваше знаци на замор и исцрпеност и од таа причина беше елиминиран веќе во второто коло. Подобар од него беше Хуан Мануел Серундоло од Аргентина. Состојбата сепак беше загрижувачка бидејќи иако го освои Мастерсот во Рим покажа слабости и на тој турнир.