Скола најави пензија по Олимписките игри

Легендарниот кошаркар на Аргентина, Луис Скола, најави дека по Олимпијдата во Токио ќе стави крај на неговата блескава кариера.

„Мислам дека нема да играм уште една сезона. Многу работи можат да се случат. Јас сè уште ја држам вратата отворена, но, за секој играч доаѓа време кога треба да се повлече. Конечната одлука ќе ја откријам по завршувањето на Олимписките игри“, изјави Скола.

41-годишниот ветеран во изминатата сезона во италијанскиот состав Варезе имаше просек од 17,9 поени и 7,0 скокови.