Солскјер: Имаме традиција на правење пресврти

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не ги штедеше пофалбите  за своите играчи по синоќешниот пресврт против Аталанта во Лигата на шампионите, кога неговите избраници успеаја да победат со резултат 3:2, иако на полувреме губеа со 0:2.

„Мислам дека и во првото полувреме одигравме добро, но Аталанта постигна два гола од две створени шанси. Тоа мораше да го прекинеме за да имаме шанси за победа. Како клуб имаме традиција да правиме резултатски пресврти. Во соблекувалната, им реков на момците дека ако следниот гол на натпреварот го постигнеме ние, на крајот ќе победиме. Бев сигурен дека ќе успееме, само требаше да ги искористиме нашите шанси“, изјави Норвежанецот.

„Навивачите се многу важен дел од нашиот клуб. Нивната поддршка ни даде крилја за победа на натпреварот. Играчите треба да бидат многу среќни бидејќи играат за клуб каков што е Манчестер Јунајтед.“, вели Солскјер.