Солскјер: Роналдо е нашиот Мајкл Џордан

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, после натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите кој заврши со резултат 2:2, даде изјава во која не штедеше пофалби за Кристијано Роналдо кој го спореди со легендарниот кошаркар Мајкл Џордан. 36-годишниот Португалец беше стрелец на двата гола за Јунајтед на оваа средба.

„Кристијано за нас е тоа што беше Мајкл Џордан за Чикаго Булс. Никој не треба да се сомнева во нивниот карактер. Тие никогаш не се предаваат, никогаш не се откажуваат и секогаш одат само напред“, изјави Солскјер.

Кристијано Роналдо после четири кола од Лигата на шампиони, има постигнати 5 голови за екипата од „Олд Трафорд“.