Сон го собори рекордот на неговиот селектор

Ѕвездата на фудбалската репрезентација на Ј. Кореја, Хеунг-мин Сон синоќа се појави на четвртото различно Светско првенство во дресот на Јужна Кореја.
Со тоа, тој го израмни рекордот на својот селектор Мјунг-бо Хонг, кој исто така играше на четири Светски првенства.
Сон ја започна својата серија на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а потоа играше во Русија, Катар и сега во Северна Америка.
Хонг, од друга страна, го имаше својот прв настап во 1990 година во Италија, потоа играше во Соединетите Држави, потоа во Франција, а ја заврши својата кариера на Светското првенство на домашен терен во 2002 година.