Српски суперлигаш милионски продаде талент во Чешка!

Стефан Пиргиќ направи голем чекор во кариерата и од редовите на Железничар се пресели во чешка Викторија Плзењ. Шесткратниот шампион на Чешка официјално го претстави новото засилување, а со Пиргиќ потпиша договор со важност до 2030 година.
Железничар од трансферот ќе инкасира рекордни 2,8 милиони евра, а дополнителна заработка ќе има и преку предвидените бонуси. Српскиот клуб обезбеди и 10 проценти од евентуалната следна продажба на фудбалерот.
Пиргиќ го напушта Панчево по две успешни сезони во дресот на Железничар. Во тој период одигра 52 натпревари, постигна четири гола и запиша шест асистенции.
Со трансферот во Викторија Плзењ, младиот фудбалер ќе добие можност за настапи на повисоко ниво, додека Железничар направи рекордна милионска продажба.