Стивен Џерард ја засилува Астон Вила со Гомез од Ливерпул

Новиот тренер на Астон Вила, Стивен Џерард планира во јануарскиот преоден рок да ја засили одбраната на тимот со доведување на дефанзивец од Ливерпул.

Според англискиот весник Мирор, популарниот Стиви Џи бил сериозно заинтересиран за Џо Гомез кој настапува за тимот од Енфилд.

24-годишниот англиски репрезентативец ретко добива шанса за настап од тренерот Клоп, после неговото враќање од тешката повреда поради која пропушти голем дел од минатата сезона.

Најверојатно Ливерпул и Јирген Клоп ќе се согласат со испраќање на Гомез во Астон Вила но само како позајмен играч до крајот на оваа сезона.