Тако Фол потпиша за Филаделфија

Тако Фол, највисокиот кошаркар во НБА-лигата со 229 сантиметри, доби нова шанса во најсилната кошаркарска лига во светот, откако потпиша за Филаделфија.
Фол претходно имаше договор од типот „Exhibit 10“ со Филаделфија, а сега ќе се обиде да се избори за враќање на НБА-паркетите.
Клубот, покрај неговите физички предиспозиции, го препозна и неговиот придонес за атмосферата во соблекувалната, како и она што го покажа на теренот пред да заработи повреда на колкот на 1 октомври.
Фол минатата сезона ја помина во Кина, каде што настапуваше за Нингбо Рокетс.
На 38 натпревари во просек бележеше 11,2 поени, шест скока и 2,2 блокади, со исклучително висок процент на реализација од игра од 80,1 отсто.