Трамп сака уште еден Мундијал во САД, но сега без Мексико и Канада

САД сака повторно да биде домаќин на Мундијал и тоа за четири години во 2031 година кога ќе се одржува Светското првенство во женска конкуренција.

Додека Светското првенство годинава влегува во својата завршница, во Соединетите Американски Држави веќе размислуваат за нов голем фудбалски спектакл. Целта е земјата повторно да биде домаќин на Мундијал, овојпат во женска.

Ова го потврди Ендрју Џулијани, директор на работната група на Белата куќа задолжена за организацијата на актуелното Светско првенство, кој откри дека ФИФА веќе го информирала американскиот претседател Доналд Трамп за можноста САД да биде организатор на турнирот.

Според Џулијани, организацијата на женскиот Мундијал би претставувала продолжување на соработката меѓу американската администрација и Светската фудбалска федерација.

Сепак, тој посочи дека Вашингтон очекува одредени политики на ФИФА да бидат усогласени со ставовите на американската влада.

Како едно од најважните прашања го издвои настапот на трансродовите спортисти во женските натпреварувања. Според него, американската страна смета дека организацијата на турнирот треба да биде во согласност со домашните политики и правилата што ги поддржува актуелната администрација.