Трајковски: Наивно загубивме, но имаме уште два натпревари во групата

Напаѓачот на нашата репрезентација Александар Трајковски кој беше во стартниот состав на средбата со Австрија, ден по првиот натпревар и поразот на ЕП 2020 (1:3), направи анализа на натпреварот и најави дека овој неуспех не е крај за Македонија на европското првенство.

„Искрено, мислам дека одигравме квалитетни 70 минути и се боревме до крај. Го имавме тој позитивен резултат, а потоа примивме два гола, по, мое мислење, наивно, по еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создававме шанси и игравме наш фудбал, покажавме дека може да играме со секого и ако продолжиме вака и во наредните мечеви ќе дојдеме до поголем резултат. Оваа Македонија нема никогаш да се предаде. Ќе се бориме до крај, па ќе видиме што ќе биде. Многу е убаво да се игра на големо натпреварување. Драго ми е што дојдоа толку луѓе да не бодрат. На крајот криво ми е што немавме позитивен резултат на првиот меч, но ние нема да се откажеме, ќе се бориме да ја минеме првата група и да ги направиме сите горди да излезат на улица“, изјави Трајковски на денешниот брифинг.