Туниски репрезентативци позитивни на допинг тест

Траги од забранета супстанца се пронајдени во допинг тестовите на осум играчи од фудбалската репрезентација на Тунис на Светското првенство во 2026 година, објавува „Дејли меил“.
Според изворот, станува збор за кленбутерол, лек кој ги шири дишните патишта и е на листата на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (WADA). Можно е да влегол во телото по консумирање контаминирано месо за време на престојот на туниската репрезентација на тренинг база во Мексико. Клубовите на играчите веќе се информирани за ситуацијата.
Репрезентацијата на Тунис беше елиминирана од Светското првенство во 2026 година по групната фаза. По првиот натпревар од турнирот, фудбалската федерација на земјата го отпушти главниот селектор Сабри Ламуши.